Минчев од Рим: Го поставуваме темелот за нова генерација професионални лидери во јавната администрација
Министерот за јавна администрација Горан Минчев во Рим ја претстави реформата на системот за професионален развој на административните службеници, со посебен фокус на воспоставувањето Академија за професионален развој и обука. Тој се обрати пред повеќе од 100 раководители и идни раководители во италијанската јавна администрација, во рамки на програмата









