Повеќечлените семејства најпогодени: Над 54% од домаќинствата со три или повеќе деца живеат под прагот на сиромаштија
Над половина од домаќинствата во кои живеат двајца возрасни со три или повеќе деца се под прагот на сиромаштија – стапката за оваа група достигнува 54,8 проценти, покажуваат најновите лаекенски индикатори за 2024 година. Зад оваа бројка стои едноставна, но сурова реалност: колку повеќе членови има едно семејство, толку побрзо трошоците го „јадат“ приходот,










