Филипче: Платформата „12 и 5“ ѝ прави штета на СДСМ и имам информации дека се платени од власта и работат за Мицкоски
На пораките од платформата „12 и 5“ имун не остана претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој вели дека платформата ѝ прави штета на СДСМ, дека ја ситни опозицијата како во Србија и дека имал информации дека биле платени од власта и работеле за Мицкоски.









