Несторовски даде гол, го носи Славен Белупо кон места кои водат во Европа
Илија Несторовски со својот гол придонесе Славен Белупо да води 2-0 по првото полувреме на вечерашниот меч со Вуковар од хрватската лига. Македонскиот прекален напаѓач немаше постигнато гол уште од 12-ти септември, и вечерва ја прекина серијата од пет меча без погодок. Ако победи Славен, тимот ќе биде на трето место на табелата, зад Хајдук и Динамо

