Потребен е консензус меѓу партиите за Изборниот законик
Изборниот законик е добар, добиена е позитивна оценка од Европската комисија и ОДИХР, вели евроамбасадорот Рокас. Тој побара за ова важно прашање, партиите да ги надминат несогласувањата и да постигнат консензус. Премиерот Мицкоски со нов повик до опозицијата за средба на која заеднички би се надминале несогласувањата за електронското гласање на дијаспората










