На денешен ден нè напушти Илија Милчин – великанот на македонското глумиште и театар
Илија Милчин е роден на 19 јуни 1918 во Прилеп. Тој беше истакнат македонски глумец, режисер, јазичар и преведувач, почесен член на ДПМ. Завршил право на Софискиот универзитет во 1942 година. Во периодот од 1944 до 1947 година работел како драматург, а потоа како глумец и режисер во Македонскиот народен театар во Скопје. Бил уметнички раководител и

