Се огласи врховниот лидер на Иран: Се отвори ново поглавје во Ормутскиот теснец по срамниот неуспех на САД
Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, изјави дека се отворило „ново поглавје“ во Ормутскиот теснец по „срамниот неуспех“ на Соединетите Американски Држави. Неговата порака, пренесена од државните медиуми, беше објавена на Националниот ден на Персискиот Залив, кој го одбележува протерувањето на португалските сили од Ормутскиот теснец во 1622 година










