Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца
Кавадаречкото Обвинителство споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15 години. Во првиот случај, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик. Тие имале сексуални односи пред малолетно









