Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуванот амбасадор на Саудиска Арабија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма од Турки бин Ибрахим Ал-Мади, новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија, со седиште во Тирана. Во одлуката за отворање на прва резидентна амбасада во Ријад, таа препознава потврда на решеноста за продлабочување на меѓусебните односи







