Лазаров: Создадовме тим што ќе ја прави Македонија горда
Македонската ракометна репрезентација со две убедливи победи и вкупна разлика од 22 гола ја елиминира Словачка во баражот и обезбеди пласман на Светското првенство. Ова ќе биде десетто учество на Македонија на мундијалите. Селекторот Кирил Лазаров не го криеше задоволството од настапот на своите избраници. „Сакам да им честитам на момците за денешните










