ВИДЕО | Уште една магија на Јокиќ: Асистираше свртен грб
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра одличен натпревар и во победата над Мајами од 133:113 стигна до трипл-дабл со учинок од 24 поени, 12 скока и 10 асистенции. Но, Јокиќ се истакна и со една маестрална асистенција кога по додавањето преку целиот терен свртен со грб успеа да го пронајде Арон Гордон.