Сезонска работа без губење права и до 1 милион евра поддршка за фирмите
Од 1 јануари стапи во сила Законот за работно ангажирање лица, со кој државата најавува дека ќе внесе ред во сезонското и повременото работење и ќе ја стесни сивата економија во секторите каде што е најизразена. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши соопшти дека новото решение им овозможува на пензионери, студенти, ученици, невработени и корисници










