ВОНРЕДНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Делови од Скопје повторно без вода - еве до кога ќе трае прекинот!
Корисниците од улица „Наум Наумовски Борче“, на потегот од улица „Ленинова“ до улица „Орце Николов“ во општина Центар, утре ќе останат без вода. ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје соопшти дека прекинот е поради изведување на водоводен приклучок со ф-80 мм на улица „Пиринска“ бр. 49. Прекинот ќе трае од 10 часот до завршување на работите.









