Леден остров со големина на Менхетн се отцепи од Гренланд
Сателитската мисија „Коперник Сентинел-1“ на Европската вселенска агенција регистрираше отцепување на џиновски леден остров од ледникот Петерман во северозападен Гренланд. Одвоеното парче мраз зафаќа површина од околу 76 квадратни километри и дебелина до 150 метри. Ова претставува најголема загуба на пловечки мраз за овој ледник од 2012 година наваму

