Григориј Ѓорѓевиќ е нов играч на ТФТ Скопје – еден од најголемите македонски таленти пристигнува во клубот
Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје официјално го промовираше Григориј Ѓорѓевиќ како свое ново засилување, а младиот македонски репрезентативец важи за еден од најперспективните кошаркари во својата генерација. Ѓорѓевиќ зад себе има одлични настапи на неодамнешното Европско првенство за кошаркари до 18 години, каде што во просек постигнуваше 13,4 поени,



