Од Охрид почнува музичкиот караван за 35 години независност на Македонија
Во недела, на 9 август, од Охрид започнува музичкиот караван по повод одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за трите и пол децении независност, со акцент на најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата




