Сакале уфолог, поканиле уролог: Урнебесен кикс во живо ги насмеа гледачите во Аргентина
Необичен и комичен момент во живо ја насмеа Аргентина, откако водителите на телевизиска емисија посветена на НЛО и вонземјани по грешка поканиле уролог наместо уфолог за експертска анализа. Во текот на емисијата, водителите сериозно му поставувале прашања на гостинoт за неговото „искуство со вонземјани“, па дури и го прашале каде студирал и како стекнал




