Имаме горива и керозин не само за нас туку и за соседите
Државата нема никакви предизвици во синџирот на снабдување со нафта и со нафтени деривати и имаме најевтини горива во регионот. Со керозин кај нас се снабдуваат неколку аеродроми од регионот, покрај набавката на горива што ја прават граѓаните од соседните држави кај нас, на бензинските станици на пограничните места, изјави премиерот Христијан Мицкоски








