ЛШ: Баерн го „замолкна“ Мадрид, Хаверц во фото-финиш за победа на Арсенал
Баварскиот гигант со предност од 2:1 заминува на домашен терен очекувајќи го реваншот со Реал (М) во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Одлично тактички подготвениот тим на Винсен Компани покажа дека е дојден во Мадрид да победи, а начинот на кој тоа го стори против својот традиционално лут ривал, им дава реални шанси да се надеваат на полуфинале








