Германија вложува милијарди: „Мерцедес“ гради најголема автомобилска фабрика во Унгарија
Компанијата „Мерцедес“ ја гради најголемата фабрика за автомобили во Унгарија, со капацитет од 300.000 возила годишно, изјави министерот за надворешни работи и трговија Петер Сијарто. Фабриката се гради во градот Кечкемет и, според Сијарто, ќе почне со производство на целосно нови модели со најсовремена технологија веќе во првиот квартал од 2026 година