Без вода попладнево дел од една скопска општина
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска (24.01.2026) поради дефект на приклучна цевка од ф 1“ на улица Дижонска бр.46 Б, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул.Дижонска. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:40 часот до завршување на работните активности.

