Бутелчани добиваат зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес-зони
Првиот дел од мегапаркот покрај булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“, со површина од 8.000 квадратни метри, е целосно завршен, објави скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски. Тој истакна дека овој дел е со зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и со фитнес-зони. Паралелно се работи на преостанатата површина 42.000 квадратни метри,

