Јувентус за 12 минути го реши Лече
Фудбалерите на Јувентус го победија Лече со 2:0 на гостински терен во натпреварот од осмото коло на Серија А Јувентус го реши прашањето околу конечниот победник уште во првото полувреме. „Старата дама“ поведе во 29-та минута. Даглас Луиз комбинираше со Вестон МекКени, кој остана сам во шеснаесетникот и го совлада Владимир Фалконе со прецизен удар.





