Семејното насилство алармира
Два последователни дена, два нови случаи на семејно насилство со сериозни последици. Во Охрид 19-годишна жена пријавила физички напад од невенчаниот сопруг и неговите родители, додека 42-годишна жена од гостиварското село Топлица по брутално тепање од сопругот заврши на интензивна нега на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ)










