Почна пробивањето на булеварот АСНОМ низ Ќерамидница
Денеска почна уривањето на објектите за пробивање на трасата кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“. Од Град Скопје денеска информираа дека уривањето се одвива во најдобар ред, бидејќи е извршена експропријација во овој дел и се исплатени договорените суми. – Дури на некои од семејствата им е помогнато при преселбата – нагласија градските власти.

