22- годишна од Богданци изнајмувала станови веќе вселени – седуммина и поверувале
Жителка на Богданци (22), се соочува со обвинение за измама на 7 лица во Скопје. Во периодот од јули до септември оваа година, таа, користејќи ги социјалните мрежи, успеала да земе вкупно 74.200 денари од своите жртви. Според обвинението, младата жена на Фејсбук објавила лажни огласи за изнајмување станови. Кога заинтересираните лица ја контактирале,