Нема да дозволиме фалсификување на вистината за Холокаустот на македонските Евреи, рече Сиљановска-Давкова при посетата на Треблинка
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им оддаде почит на убиените македонски Евреи в о Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска, станувајќи првиот претседател на Македонија кој го посетил. Таа положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7.144 македонски Евреи депортирани од фашистичкиот окупатор во логорот „Треблинка“ во 1943










