Македонија падна на индексот на слобода на медиумите – Рангирана 45-та од „Репортери без граници“ – половина од светот во криза
Македонија забележа пад на Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“, паѓајќи од 42-то на 45-то место и се најде во групата земји со „проблематична“ состојба. Иако вкупниот резултат останува ист, земјата бележи влошување кај сите главни индикатори што ја мерат слободата на медиумите, вклучувајќи ги правните, политичките и економските









