Карамбол на три автомобили предизвика застој во сообраќајот во Скопје
Утринава карамбол на три возила предизвика застој во сообраќајот во главниот град на државата, Скопје. Сообраќајната несреќа се случи на улица Ацо Шопов, на потегот од кружниот тек кај Порта Влае кон кружниот тек пред Визбегово. Само стотина метри понатаму, уште една сообраќајна несреќа на истата улица. Извор: ПрваСкопска.мк