Извадил пушка пред адвокатска канцеларија во Кичево и се заканувал: уапсен маж од кичевско
Вчера во 15:30 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е 47-годишниот Ф.Б. од кичевското село Туин откако претходно, пред адвокатска канцеларија во Кичево, од своето возило извадил пушка и упатил закани кон едно вработено лице. Се преземаат мерки за целосно расветлување по што, против Ф.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.










