Олимпијакос го одбрани домашниот терен од Реал
Кошаркарите на Олимпијакос ја остварија втората победа во четвртфиналната серија од Евролигата против Реал Мадрид. Тимот од Пиреја победи со 77:71 (15:25, 23:13, 19:16, 20:17), па на Реал ќе му треба чудо за да се пласира на завршниот турнир. Реал, за разлика од првиот меч, имаше шанси да направи брејк. Играчите на чус Матео водеа со 13 поени разлика