Сабрас Апостолова: Лицата со попреченост – заборавени меѓу ветувањата и реалноста
Охрид, 3. октомври 2025 (ОХРИДПРЕС) – Пред избори, политичарите зборуваат за инклузија, рамноправност и човекови права, а лицата со попреченост се ставаат во прв план. Но кога изборите завршуваат, нивното секојдневие останува непроменето, вели Александра Сабрас Апостолова, дефектолог со долгогодишно искуство во работа со деца со развојни проблеми.

