Циципас го пцуеше својот татко во текот на мечот во Мадрид
Стефанос Циципас ја прекина серија од три порази со победата над Патрик Кипсон, кој влезе на турнирот како среќен губитник, со 3:6, 7:6(6), 7:6(4), во првото коло од Мастерсот во Мадрид. Иако Циципас излезе како победник, натпреварот беше полн со драма и тензија, а грчкиот тенисер неколку пати го изгуби трпението, пцуејќи го својот татко и судијата





