Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки
Граѓаните можат да запишат минимум една Граѓанска обврзница во износ од 10.000 денари. Каматната стапка на граѓанската обврзница од оваа емисија е 4,6% и рок на доспевање 2 години. Датумот на достасување на обврзниците е 11 декември 2028 година. Каматата за првата година достасува на 11 декември 2027 и за втората година на 11 декември 2028 година










