Мерц: Секоја земја од ЕУ треба да преземе еднаков дел од ризикот од планираната употреба на замрзнатите руски средства
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се залагаше за тоа да се дадат јасни гаранции дека ризиците од планираната употреба на замрзнатите руски државни средства за поддршка на Украина ќе бидат подеднакво распределени меѓу сите земји-членки на Европската Унија. Во колумна објавена во весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, Мерц нагласи дека секоја земја










