29-годишна битолчанка починала во болницата во Гостивар
На ден 06.04.2026 година, во 07:00 часот, во СВР Тетово, од Општата болница во Гостивар било пријавено дека кај нив била донесена Р.М. (29) од Битола во влошена здравствена состојба, која по кратко време починала. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на Судска медицина за обдукција.








