Герасимовски за „Барутана“: Општината мора да ја спроведе постапката за ДУП-от, дали ќе биде изгласан ќе зависи од советниците
Општина Центар ја продолжува постапката за нацрт-деталниот урбанистички план за „Барутана“ на Водно, но нема да биде ставен на дневен ред на Советот на Општината сè додека не се обезбедат гаранции за безбедноста на локацијата. Од Општината појаснуваат дека постапката е законска обврска, а досега се добиени позитивни мислења од повеќе надлежни институции










