Бундеслига: Баерн со победа над Борусија М. ја прослави новата титула
Фудбалерите на минхенски Баерн ја прославија својата 34-та титула во германското првенство осигурана уште минатата седмица со победа од 2:0 против Борусија Менхенгладбах на нивната „Алијанц Арена“. Хари Кејн го постигна првиот гол во 31. минута и се зацврсти на врвот на листата на најдобри стрелци во Бундеслигата со 25 гола. Конечните 2:0 ги постави