Џез концерти, современ танц и изложби се дел од јунската програма на КСП Центар Јадро
КСП Центар Јадро во јуни подготвува разновидна културна програма со концерти, изложби, книжевни настани, предавања, филмски проекции и работилници. Меѓу позначајните настани е концертот на Џез хорот „Артизан“ на 1 јуни, како и промоцијата на книгата „Женска работа: Современиот вез во земјите од поранешна Југославија“ проследена со изложба на дела од


