Верстапен: “Никогаш не сум помислувал дека можам да бидам четирикратен светски шампион“!
Макс Верстапен во Лас Вегас, на две трки до крајот успеа да ја обезбеди својата четврта титула светски првак во Формула 1. На Холанѓанецот му беше доволно и петтото место на оваа спектакуларна трка во која победи Џорџ Расел на Мерцедес. Откако ја мина целта како петти, почна славјето во таборот на Ред Бул и секако Макс имаше што да каже како први импресии: