Велешанецот осомничен за продажба на кубански вакцини претходно бил пријавен за измама со проект од 100.000 евра
Велешанецот М. А., кој е пријавен за измами поврзани со продажба и аплицирање кубански вакцини за кои се тврди дека лекуваат рак, и претходно бил пријавуван за измама, овојпат преку невладина организација чиј претседател бил, јавува телевизија „Телма“. Случајот се однесува на проект за изградба на парк за лица со попреченост во Охрид, наводно финансиран





