Уапсен скопјанец, во неговиот дом пронајдена бомба
Полицијата уапси едно лице во Скопје, пронајдена е рачна бомба при претрес во неговиот дом. Според информациите на МВР, вчера во 19:35 час на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.С.(33) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена рачна бомба кашикара










