Поради отсуство на сведоци, одложено судењето против 13 полициски службеници поврзани со „Пулс“
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска се одложи рочиштето во судскиот процес против 13-те полициски службеници обвинети за тешки дела против општата сигурност, поврзани со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. Дел од родителите на жртвите изразија незадоволство од повторното одложување и упатија апел до судот да ги употреби сите механизми









