Македонија издвои херојски бод против Австрија со гол во последна секунда во Брегенц
Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 30-30 против Австрија во контролен натпревар одигран во Брегенц, во рамки на ЕХФ неделата. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров имаа одлични периоди од играта и во второто полувреме во неколку наврати водеа и со четири голови разлика, но не успеаја да ја задржат предноста до крајот. Драмата кулминираше










