Убод од оса и пчела – кога е безопасен, а кога мора веднаш да повикате Брза помош?
Убодот од оса најчесто предизвикува само болка, црвенило и оток, но кај одредени лица може да доведе до тешка алергиска реакција која бара итна медицинска помош. Лекарите предупредуваат дека навременото препознавање на симптомите може да спаси живот. Вообичаено, по убодот се јавуваат остра болка, чувство на печење, црвенило и благ оток околу местото

