Немаме школо, Но ги познаваме сообраќајните знаци, протестираа Ромите во Битола, бараат да им се вратат колите и да добијат дозволи без полагање испит
Ние на нашата држава ѝ требаме само кога има избори, тогаш нè посетуваат , каде се сега да дојдат, прашаа Ромите од Битола кои денес продолжија со протести пред Полицијата, барајќи да се направат измени во Законот за безбедност во сообраќајот. Тие протестираат веќе втор ден, откако полиција им одзеде возила кога ги затекна дека возат без возачки дозволи







