Почина поетот и писател Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст почина Тихомир Јанчовски, поет, писател и преведувач, соопшти попладнево Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ). Јанчовски е роден во 1967 година во Скопје. Дипломирал општа и компаративна книжевност на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во 1991 година, а своето стручно усовршување го продолжил во Будимпешта, на катедрата










