13 годишно девојче тешко повредено од удар со автомобил, возачот исчезнал од местото на несреќата
Тринаесетгодишно девојче од Гостивар се бори со тешки повреди откако било прегазено од автомобил чиј возач веднаш побегнал од местото на несреќата. Инцидентот се случил вчера околу 12:30 часот на улицата „Павле Аврамоски“, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите на овој дел од градот. Според информациите од СВР Тетово, автомобил удрил во малолетничката,









