На Месечината откриен огромен нов кратер: Ударот се случил во 2024 година, а никој не го забележал
На површината на Месечината е откриен огромен кратер кој настанал по силен удар во 2024 година, но самиот настан не бил забележан во реално време. Кратерот го открил НАСА-ин Lunar Reconnaissance Orbiter (LRO), вселенско летало кое ја набљудува Месечината од орбитата од 2009 година. Според научниците, новото вдлабнување е широко околу 220 метри и длабоко





