“Taste the South“ – четврто издание на фестивалот што го слави вкусот и духот на југот
Гевгелија повторно го отвора патот кон вкусовите на југот. Од 11 до 13 септември, градот ќе биде исполнет со ароми, вкусови, музика и традиција во рамките на четвртото издание на „Taste the South“ – препознатливиот гастрономско-музички бренд на Општина Гевгелија. Создаден со идеја да ги стави во фокус богатата гастрономска традиција, локалните производи,








